Средба на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова

Во претседателската резиденција на Водно, нашата делегација имаше чест да оствари значајна средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Претставниците на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, ја информираа претседателката за нашите активности и напори насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Албанија.

На средбата беа разменети мислења за неодамнешниот попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази силна поддршка за нашите напори и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на положбата на македонската заедница.

Таа исто така ја нагласи важноста на пописите да ја отсликуваат реалната состојба во општеството, секогаш и без исклучок.

©Македониум