Претставници на малцинствата за МЦН: Не ги признаваме пописните разултати

Покрај дневните извештаи, што вчера ги пренесоа за настанот, емитуваат посбни емисии со гостување на претставници на малцинствата.

На албанската телевизија МЦН гостуваа Васил Стерјовски, претставник на Македонците, Ривелино Чуно – на Египќаните и Енкелејд Чолаку – на Власите, при што го изнесоа заедничкиот став содржан и во декларацијата.

-Осумте реално постоечки малцинства кои живат во Албанија, Македонците, Грците, Власите, Египќаните, Ромите, Србите, Црногорците и Бошњаците, ги искажавме нашите ставови дека не ги признаваме резултатите од пописот, затоа што не ја отсликуваат етничката реалност во нашата земја и се манипулирани. За жал, се следи политиката од периодот на комунизмот и остануваме во тие рамки, а тоа е 50 илјади припадници на малцинствата на целата територија на Република Албанија, што ни од далеку не е вистинската бројка, изјави Стерјовски.

Затоа, додаде тој, ги оспоруваме овие бројки кои не се реални и бараме нов попис под меѓународен мониторинг каде што ќе излезе „реалната бројка за малцинствата, затоа што врз основа на бројките

зависат нашите права како малцинства“. Притоа посочи дека „правата многу зависат од бројот колку сме. Но, овој број на малцинства не ја одразува етничката реалност во Албанија“.

На констатацијата дека малцинствата не ги признале резултатите и од претходни пописи, Стерјовски со одговор „затоа што во ниту еден попис организиран во Албанија не се земени предвид барањата на

малцинствата за да можеме и ние да бидеме дел од процесот, како што се случува во секоја европска земја“.

-Имаше попис во Македонија, имаше и во Косово, насекаде и сите малцинства беа дел од сите локални, регионални и централни комисии на државните заводи за статистика. Ние немавме ниту попишувачи, ниту членови на ниво на округ или во централните канцеларии на Државниот завод за статистика (ИНСТАТ) да го следат и надгледуваат овој процес, и секогаш мораме да им веруваме на бројките што ни се сервираат, рече тој.

Детално даде опис каде живеат припадниците на македонското малцинство, додавајќи дека ги има на целата територија на земјата, нагласувајќи дека ИНСТАТ никогаш не ги прифатил барања на малцинствата да бидат дел од овој процес.

-Но, она што сакам да го истакнам, на нас како македонско малцинство ни е направена неправда со овој попис. Најголемата неправда беше што беше дозволено надворешно влијание да влијае на бројките и да произведе нереални бројки за македонското малцинство на сметка на друго непостоечко бугарско малцинство. Ние сме лојални граѓани на оваа држава. Ние сакавме нашата држава да не заштити без надворешно влијание и притисок и секој жител да се изјаснеше како што се чувствува. Но, во овој случај се остави Бугарија отворено, преку бугарската амбасада, разни фондации и екстремистички групи од Бугарија за време на пописот да доаѓаат во нашите области, да прават пропаганда, да даваат подароци, да се закануваат, изјави меѓу другото Стерјовски.

Сигурни сме, додаде, дека ова беше „договор меѓу двете влади, албанската и бугарската влада, да се создаде малцинство во областите каде што живее македонското малцинство, за Албанија да не биде попречена на нејзиниот пат кон Европската Унија“.

Огорченост и незадоволство од пописните резултати искажаа и другите двајца соговорници, Чуно и Чолаку, кои меѓу другото оценија дека „ова е обид да не избришат нас, мацинствата, од картата на Албанија, да нè снема“.

Според нив попишувачите не тропнале на врата кај ијадници семејства и податоците ги внеле како што сакале.

©Македониум