Велосипедистите од Македонија ќе возат во чест на Преспанскиот херој Васил Јанкула

Во недела на 26 мај 2024 година, Macedonian Bike Riders организира меморијална тура околу Охридско езеро во чест и сеќавање на Преспанскиот херој Васил Јанкула.

Велосипедистите ќе возат околу Охридско езеро во чест и сеќавање на Преспанскиот херој Васил Јанкула.

Васил Јанкула пркосеќи и на церебралната парализа со својот трицикл ја имаше обиколено цела Македонија.

Учествуваше на повеќе маратони низ Македонија со пораката “Сите сме исти”.

Беше голем борец за правата на лицата со попреченост и голем херој кој инспирираше со спортски подвизи.

©Македониум