Делегација на МАЕИ учествуваше на традиционалната средба „Беломорски Видувања”

Делегација на единствената партија на Македонците од Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во Скопје учествуваше на третите по ред „Беломорски Видувања”, средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

На средбата, присуствува над 500 гости, меѓу кои и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Неговото Блаженство г.г Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, министри, градоначалници, претседателот на МАНУ, историчари, општественици идр.

На собирот се слушна традиционалната македонска музика, се играа ора, се пееа македонски песни.

©Македониум