По паѓањето на диктаторскиот комунистички режим во Албанија и отворањето на границите со Република Македонија, во мисија за воведување во верата и возобновување на верскиот живот на Македонците од Албанија доаѓа Преспанско-пелагонскиот митрополит Петар.
Преспанско-пелагонскиот митрополит Петар во почетокот на 90-те години на минатиот век оствари повеќе мисии за возобновување на црковниот живот на православните Македонци во Албанија во деловите на Мала Преспа, Голо Брдо и Врбник, за реконструкција на разрушените црковни храмови, обука на свештенослужители во Мала Преспа како и иницирање на преведеувачка дејност на црковните книги на македонски јазик.
Овој документарен филм кој е снимен во 1997 година, кога во Албанија во тек беше граѓанската војна покажува за прославата на празникот Св.Марена во манастирот посветен на светителката која според преданието се нарекува уште и Огнена Марија и масовните крштевки што дедото Петар ги прави во Преспанското езеро и неколку венчавки.
Сненарио: Благој Шаклевски
Продукција: ТВ Тера