МАЕИ: Да ги негуваме семејните вредности на македонскиот народ и да даруваме безусловна љубов кон ближните.

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честиткa по повод големиот христијански празник Рождеството Христово – Божик

– Македонска алијанса за европска интеграција на сите православни Македонци им го честита големиот христијански празник Рождеството Христово-Божик, со најдобри желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа, радост и благосостојба, стои во честитката.

Во неа се наведува дека Божик е голем христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението.

-Да ги негуваме семејните вредности на македонскиот народ и да даруваме безусловна љубов кон ближните. Нека е честит празникот и за многу години.

Христос се роди, навистина се роди, посакува МАЕИ во божиќната честитка.

©Македониум