ЗА РОМАНОТ „ПОКРАЈ ЕЗЕРОТО“ ОД СТЕРЈО СПАСЕ

Го избрав Стерјо Спасе со романот “Покрај езерото”… Се работи за Големото Преспанско езеро… Во областа Мала Преспа има девет македонски села во кои живеат само Македонци.

Стерјо Спасе е роден во село Глобочени, општина Пустец, во Мала Преспа, Албанија. Моето село Ракицка е единственото соседно албанско село со нив.

Имавме големо пријателство со нив, го зацврсти Народно-ослободителната борба и годините на социјализмот…

Тие почнуваат со селата Церје, Зрноско, Леска, Пустец, Шулин, Глобочени, Горна Горица, Долна Горица и Туминец.

Размена на култура, образование, фолклор, леб и сол и отворени врати на пријателство и братство…

За мене Стерјо Спасе е еден од најомилените писатели. Иако е Македонец, неговото дело е напишано на многу чист, префинет албански јазик. Голем интернационалистички писател. Пријател на мојот татко…

Романот “Покрај езерото” зборува за годините 1947-1949. Тогаш во сите овие села биле основани земјоделски задруги и 4-годишни и 7-годишни училишта.

Романот “Покрај езерото” верно ги отсликува тие години полни со импулс и жртви за градење на новиот социјалистички живот, без бегови и аги…

Романот “Покрај езерото” ми ги враќа годините од детството… Во 7-годишното училиште учевме заедно…

Владимир Дико