Италјански историчар во 1933 година: Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец

Истакнатиот италијански историчар, лингвист и писател Џорџо Нуриџани во својата книга „Македонија во Италијанската мисла“ (италијански: La Macedonia nel pensiero Italiano), издадена во Рим, Италија, 1933 година.

Пишувајќи за периодот после двете Балкански војни, Нуриџани вели:

„… Македонија е држава без држава, без влада; меѓутоа го има својот народ, своите закони, ја има својата култура и има сѐ што треба да и припаѓа на една вистинска и посебна нација, но, нема своја автономија. Нејзината територија се наоѓа во рацете на нејзините окупатори. Чија е вистината?

СЕКАКО НЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Како може да се обвини Македонското револуционерно движење кога се гледа дека илјадници и илјадници бегалци се оддалечени од нивните домови, децата страдаат, а нивните мајки ја оплакуваат тешката судбина на своите фамилии? …“.

Сите завојувачи на Македонија – Хелените, Римјаните, варварите со нивните големи преселби, Турците, се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки, вели италијанскиот историчар Оскар Ранди.

Но, залудно. Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец, пишува Ранди во 1933 година.

А историјата ѝ се повторува на Македонија и денес, во време на слобода и своја држава, со бришење на македонската свест.

Извор: Nurigiani G., La Macedonia nel pensiero italiano, Roma, Casa Editrice Ausonia, 1933, p.125

©Македониум