УШТЕ ЕДНО ЗЛАТО ЗА ОСУМГОДИШНИОТ МАКЕДОН ОД ТЕТОВО НА НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

Чудото од дете, осумгодишниот математичар Македон Димитровски од Тетово, повторно ги изненади сите, но тоа му е веќе повторување – победа од навика поради знаење.

Македон Димитровски од Тетово освои златен медал на светскиот натпревар од есенскиот дел “Математика без граници“.

Македон Димитровски го доби златниот медал од финалето по математичкиот натпревар Кенгур 2023, што се одржа на Машинскиот факултет во Скопје.

Македон на Македонија и донесе злато од светски натпревар со 4.000 учесници.

– Браво, ти си наша гордост, – напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.

Златно дете – златен медал. Браво Македон.

©Македониум