ДЕСЕТТА МЕЃУНАРОДНА ТРКАЛЕЗНА МАСА “МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО ЕВРОПСКИОТ ИСТОРИСКИ МОЗАИК”

Во организација на Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб и Македонскиот културен форум од Пула, изминатиот петок и сабота, на 20 и 21 октомври, се одржа Десеттата Меѓународна тркалезна маса на тема “Македонскиот идентитет во Европскиот историски мозаик“.

Првата сесија на тркалезната маса се одржа на 20 октомври во Градската библиотека и читалиште во Пула, а на неа учествуваа: Кочо Топузовски со наслов на рефератот “Признателната татковина – кон 120 годишнината од Крушевската Република“; проф.д-р Елка Јачева Улчар со наслов на рефератот “Нестивната борба за македонскиот јазик од 1903 до 2023 година – По повод 120 годишнината од објавата на Мисирковата За македонцките работи“; вонреден професор Мими Ѓоргоска Илиевска со наслов на рефератот “Колективната меморија во европскиот историски мозаик – филмот во одбраната на македонскиот идентитет“ и проекција на филмот “Македонија во слики, 1923“ автор на филмот Арсениј Јовков; и проф.д-р Драгица Поповска со насов на рефератот “Скопскиот земјотрес од 1963 година: во меморијата и во јавниот простор на градот“. Модератор на првата сесија беше Алдо Климан.

Во рамките на првата сесија на тркалезната маса бес претставени неколку нови книги: “Илинденската споменица“ во издание на Панили, Скопје 2023 година од Кочо Топузовски; “Презимето кај Македонците“ во издание на Менора, Скопје 2022 година од Елка Јачева Улчар; и “Чекајќи ја смртта во Ичиќи“ во издание на Самиздат, Скопје 2023 година од Наум Пановски.

Втората сесија на тркалезната маса се одржа во сабота на 21 октомври 2023 година, во Градската библиотека и читалиште во Пула, а на неа учествуваа: д-р Невена Трајков со наслов на рефератот “Консолидација на идентитетот како предуслов за консолидација на демократијата: Компаративна студија за шпанската и македонската државна изградба“; д-р Ицо Најдовски Перин со наслов на рефератот “Првите македонски организации во Австралија, активностите и соработката со европските држави“; проф.д-р Наум Пановски со наслов на рефератот “Од историјата до меморијата и назад. Слики од македонската борба за слобода и самостојност запаметени во Црнила од Коле Чашуле“; и Албино Црнобори со наслов на рефератот “Глаголашки патишта во Л.Г. 1977“. Модератор на првата сесија беше Алдо Климан.

После завршните зборови, учесниците на тркалезната маса ја посетија Алеата на глаголашите Роч-Хум.

Покровители на одржувањето на тркалезната маса беа Советот на националните малцинства при Владата на Република Хрватска, Истарската Жупанија, Управниот оддел на Италијанската заедница и за други етнички групи, и Управниот отсек за култура на Градот Пула. Организаторите на тркалезната маса изразија посебна благодарност на Кинотеката на Македонија за помошта во организацијата на тркалезната маса, како и за дозволата за прикажување на филмот “Македонија во слики, 1923“ од Арсениј Јовков.

На тркалезната маса присуствуваа голем број Македонци и пријатели на Македонија во Хрватска.

©Македониум