ГЛАВАТА ГОРЕ И ИЗЈАСНЕТЕ СЕ ОНА ШТО СМЕ – МАКЕДОНЦИ

Македонското друштво ИЛИНДЕН од Тирана ги повика сите Македонци во Република Албанија ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ОНА ШТО СЕ – МАКЕДОНЦИ И ДА ГО ЗАЧУВААТ СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ!

Почитувани Македонци, од 18 септември до 30 октомври годинава, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на Вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домувањето, во согласност со членот 6 од Законот број 140/2020 “За попис на населението и домаќинствата“!

Пописот собира информации за демографските, социјалните и економските карактеристики на поединците. Ова вклучува прашања за возраста, полот, односите меѓу членовите на семејството, местото на раѓање, степенот на образование, работниот статус, етничката припадност, религијата, попреченоста и условите за живеење. За првпат, одговорите ќе бидат снимени од анкетарите на таблети.

Проверете дали вашиот одговор е правилно внесен на таблетот (електронскиот уред) со кој се регистрирате, според тоа што сте го пријавиле!

Пописот на целокупното население и домаќинствата е најважната статистичка операција во државата и врз основа на овие податоци институциите ќе можат правилно да ги планираат потребните интервенции и услуги за жителите.

ГЛАВАТА ГОРЕ И ИЗЈАСНЕТЕ СЕ ОНА ШТО СМЕ – МАКЕДОНЦИ!

©Македониум