По желба на црковниот одбор на село Церје преземени се активности за извршување на разни работи за црквата “Св. Богородица” во село Церје, Општина Пустец која датира од 1912 година и имаше потреба од разни поправки.
По иницијатива на господин Тодор Ќиска од Церје и Борче Постоличин од Пустец завршена е првата фаза каде што се санирани пукнатините на разни делови, прочистување на каменот и фугирање на предните делови.
Одборот на црквата им благодари за безрезервната помош на Општина Пустец, Арјан Сотирофски, Петре Ридо, Васил Постоличин, Алекс Колефски и Мише Марко.
Како што известува Борче Постоличин, ќе има и наредни фази за уредување на дворот на црквата, внатрешноста на црквата и фугирање на задниот дел за што е потребна помош од сите верници. Сите добро намерници се добредојдени. Богородица да не чува сите истакнува во својот повик Борче Постоличин.
©Македониум