Фолклорот на Македонците од Албанија претставен во Ѓирокастро

Македонците од Албанија се преставија со македонскиот фолклор на Националниот фолкорен фестивал во Ѓирокастро, Република Албанија.

Македонската фолклорна група од Општина Пустец, предводена од Лазо Стојани, на фестивалот настапи со традиционални македонски ора од подрачјето на Преспа и тоа со ората Погача, Софјанче, Жабче и Ситното.

Настапот на македонската фолклорна група од Општина Пустец беше награден со бурен аплауз од многубројната публика.

Националниот фолкорен фестивал во Ѓирокастро, се одржува на секој пет години, во организација на Министерството за култура на Република Албанија и на него учествуваат фолклорни групи од сите области на Република Албанија.

©Македониум