Во организација на Македонското друштво “Сонце” и општина Пустец, во Музејот “Стерјо Спасе“ во Глобочани, на 24 мај, среда, на големиот христијански празник “Свети Кирил и Методиј“, денот на македонската и сесловенска писменост, во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата “Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ од доц.д-р Бранислав Светозаревиќ.
На промоцијата ќе присиствува авторот на книгата, а промотор е м-р Марјан Гијовски.
На промоцијата ќе присуствува и Ацо Крстески, претседател на СМК-Европа и секретар на клубот “Александар Македонски“ од Карлсруе, СР Германија.
Добредојдени се сите Македонци, влезот е слободен.
©Македониум