Општинскиот комитет на Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција оргaнизираше акција за чистење и разубавување на манастирот “Света великомаченица Марена – Огнена Марија“, во непосредна близина на селото Туминец, Општина Пустец.
Членовите на Македонска алијанса за европска интеграција во дворот на манастирот “Света великомаченица Марена – Огнена Марија“ истовремено засадија повеќе зимзелени дрвца.
На акцијата од Република Македонија се придружија и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и пејачот Круме Спасовски.
©Македониум