Младиот и талентиран пеач од Мала Преспа, Албанија, Кристиан Ѓорѓи имаше уште еден успешен настап во популарното македонското музичко талент шоу “Нови и млади” со што се пласираше во третото коло.
Кристиан Ѓорѓи настапи со две песни “Живот без тебе” и со “Синџири да ме држат” и неговиот настап позитивно беше оценет од страна на членовите на жирито кој имаа пофали зборови за неговиот настап и го охрабрија да продолжи понатаму да се посвети на пеењето.
Дваесет и две годишниот Кристиан освен што пее, свири на синтисајзер.
Кристиан Ѓорѓи со своите настапи во македонското музичко талент шоу “Нови и млади” ги воодушеви и направи горди сите Македонци од Албанија.
Македонското музичко талент шоу “Нови и млади” е во продукција на ИН продукција додека водителка на македонското талент шоу е познатата Анита Даева.
©Македониум