ДИМИТРИ ИОАНУ: Историско признавање на македонскиот јазик во Грција

“Центарот за македонски јазик” во Грција е прва организација од ваков вид што неодамна беше прифатена и регистрирана од грчките државни органи. За овој историски настан, “СБС на македонски” разговараше со Димитри Иоану, еден од основачите на центарот.

Димитри Иоану, еден од одновачите на “Центарот за македонски јазик” во Грција

“Центарот за македонски јазик” во Грција нуди бесплатни часови по македонски јазик преку интернет.

– Ние мислиме дека она што придонесе за овој успех, е нашата борба и можностите што ни ги дава законот, како и некои мали, но сепак позитивни промени кон демократизација во грчкото општество, вели Димитри Ионау.

Подолу можи да го слушните целиот разговор со Димитри Ионау за борба за регистрација на “Центарот за македонски јазик” во Грција.

https://www.sbs.com.au/language/macedonian/mk/podcast-episode/historic-re-recognition-of-macedonian-language-in-greece/dnn4ps1ij