Министерот Кренар Лога се сретна со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин

Mинистерот за правда на Македонија, Кренар Лога и заменик министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ оствариja средба со копретседателот на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН, професор Стојко Стојков.

Средбата беше организирана на инцијатива на министерот Лога. Темата беше правната положба на македонското малцинство во Бугарија и не-имплементацијата на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур од страна на Бугарија.

Министерот вети да го постави проблемот со не-имплементација на пресудите од Европскиот суд за човекови права во корист на Македонците во Бугарија пред соодветните европски институции.

Копретседателот Стојков го запозна министерот со проблемите на македонското малцинство во Бугарија, со дискриминацијата на која тоа е подложено и ја повтори позицијата на македонските организации во Бугарија за реципроцитет во правата на бугарското и македонското малцинство.

Средбата беше исполнета со содржајна дискусија и продолжи скоро еден час. Тоа е првпат министер за правда на Македонија да покани претставник на македонското малцинство во Бугарија. Со тоа господинот Лога ја продолжува добрата традиција започната од амбасадорот Абдурахман Алити во Софија.

ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН изразува надеж дека повеќе македонски министри ќе го следат примерот со македонскиот министер Лога.

©Македониум