Фолклорниот ансамбал при културнот дом во Пустец, Мала Преспа во 1991 година на покана на здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и културно-уметничките друшва “Гоце Делчев” од Битола и Скопје за прв доаѓа во Република Македонија и настапува на манифестацијата “Скопско лето 1991”.
Фолклорниот ансамбал од Пустец на манифестацијата “Скопско лето 1991” настапи со изворни македонски ора од подрачјето на Мала Преспа како и со македонски народни песни и доби многубројни аплаузи од публиката.
Настапот на фолклорниот ансамбал од Пустец во тоа време го сними македонскиот активист од Егјеска Македонија, Гоце Нацев и пред некој ден на својот канал на YouTube објави повеќе видеа од нивниот настап кој весник Македониум ги пренесува.
Фолклорниот ансамбал Пустец при културнот дом во Пустец беше основан во далечната 1946 година и во комунистичкиот период настапуваше на разни манифестации и фестивали низ Албанија освојувајќи на повеќе пати главни награди.
Македонците во Албанија и покрај комунистичкиот систем ги зачуваа својот мајчин македонски јазик, фолклор, обичаи и традиции.
https://www.youtube.com/watch?v=q-8ZmjA4ml
©Македониум