Книгата „Литературните творци од македонското малцинство во Република Албанија“ ја нарекувам прекрасен подарок, подарена со посвета од креативниот интелектуалец Фото Никола кој ја подреди и ја адаптираше ова книга.
Во оваа книга има и голем број народни песни од овие простори кои ќе ве импресионираат со својата лиричност и искрена инспирација. Во нив пред се се истакнува хуманоста и љубовта.
Молитвај ме, мили татко,
Оти ќе си ода, татко, при други татко,
Молитвај ме, мајко,
Оти ќе си ода, мајко, при друга мајка,
Молитвај ме, мили брате,
Оти ќе си ода, брате, при друго брате,
Молитвај ме, мила сесто,
Оти ќе си ода, сестро, при друга сестра,
Растењето со овој здрав дух на смислата на животот, за да стане утре дел од друго семејство, ќе биде придружено понатаму со природна радост, и со тага и мистерија.
О брате да си одиме,
селото ни е далеку,
патот камења ни имат,
дечките ни се малечки,
После оваа лирска песна кога невестата влегува во новиот дом, нејзиното ново семејство, следи уште една песна каде невестата штотуку отишла кај „другата мајка и татко“, друг свет, животна драма.
Петлето ми пее рано сабајлето,
рано сабајлето, рано пред зори!
М’и разбудва младото невевче!
Младото невевче, што м’и добро спиет!
Стани ми стани, о, младо невевче!
Стани м’и стани, коњче да м’и спремаш!
Конјо да м’и спремаш, лудо да испратиш!
Лудо да испратиш, чушда чуждина!
Чушда чуждина, пуста Америка….
И така започнува еден драматичен живот каде „девојката на брановите“ се наоѓа не само во Валона, во Химара, туку и покрај Преспанското езеро и „го чека, тој што го чека“. Но, мажената девојка од овие простори чиј сопруг и оди далеку, на гурбет, има друг начин на изразување, подеднакво лирски и поетски.
Девојката си ојде,
босилок остави,
Мајке ја нарача:
Мајке, стара мајке,
босилок да садиш,
босилок да вадиш,
наутро со роза,
навечер со солзи!
Ја елајте, мили друшки,
поткренејте росачките
да си вјана б’рза коња!
да си одам к’ј момчето!
А во епилогот имаме неколку стихови полни со драматична и трагична густина, со болка, тага и крв…
Се оженав, мамо се оженав
се оженав, аир не си видев
…Се собраја, мамо, се собраја,
се собраја, мамо, цела фара рода
Написаја, мамо, написаја,
написаја, мамо, за мој клета живот…
Зарем ова не е старата поема на животот? Зарем животот не е сон? И кој им пее со овие кревки и во исто време бесмртни стихови” овој “сон сонуван од една сенка”? Зарем оваа песна не е еден посебен “Милосао” кој откако ќе го прошета светот како што некогаш рекол големиот Ламартин, повторно се враќа на сопствените брегови?
Коњот го кова рано во недела
Стребрени плочи,
позлатени клинци
– Ај ти коњо,
Коњо добро моје!
Та не мислам
да те препродадам!
Туку мислам
по љубна да одам.
Љубна да доведа,
мајка да одменам
од тешките ношви,
од шарените стомни!
Ах, мајко, повторно мајката – творецот на животот и нејзината светост… Во овој бесмртен „Молисао“ мајката е протагонист на љубовта, во овие сребрени строфи, во овие златни стихови…
Зенел Анџаку