ПРЕСПА

Преспа – тапански ремен, тагарчиг,
крпа која се вее над густите капини
и ги плаши страчките.
Преспа – кукавица, улајка,
некогашна убавица
претворена во скитничка жена.
Преспа – дете проколнато, сиротинче
порастено од туѓи мајки, во своја крошна
Преспо,
Да имав сила, да имав моќ,
преку ноќ,
убавините на светот ќе ги наберев,
и срдечно ќе ти ги подарев
Та да ми бидеше пак убавица
а јас, син на кралица.


Спасе МАЗЕНКОВСКИ