Владо Макеларски со потекло од Албанија, борец за слободата на Македонија

Владо Д. Макеларски е македонски партизан, борец за слободата на Македонија, учесник во НОВ и носител на Партизанска споменица 1941.

Владо Макеларски е роден во селото Маќелари, Албанија во 1919 година. Основно и вечерно училиште завршил во Дебар, каде што работел како келнер. Во 1936 година со родителите се преселил во Скопје, каде работи како продавач во акционерско друштво од Загреб.

Под влијание на неговиот колега и неговиот брат, во 1941 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. Станот на двајцата браќа е место за нелегални средби и засолниште на партизаните.

Во почетокот на 1943 година од страна на бугарските фашистички окупаторски власти засолништето било откриено и биле уапсени Благоја Давков, Бранко Урдаревски и други, а Макеларски преминал во илегала. Тој беше осуден на смрт во отсуство од бугарските фашистички окупаторски власти.

По Ослободувањето бил член на Земскиот одбор на ССМ и директор на Фабриката за керамика „Југ“ во Скопје. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото во 1949 година и бил испратен на Голи Оток. Починал на 29 јануари 1993 година. Носител е на Партизанска споменица 1941.

©Македониум