Македонската парвославна црква Св.Недела од Канада, на 28 јануари 2023 година организираше донаторска вечер со цел да собирање на средства за манастирот Св.Марена во село Туминец, Мала Преспа.
На донаторската вечер учествуваа Македонци со потекло од Албанија и од цела Македонија.
На донаторската вечер беа собрани 20.000 канадски долари, информираа за весник Македониум од одборот на манастирот Св.Марина.
Парите ќе бидат искористени за изградба на камбанарија за манастирот Св.Марина.
Весник Македониум им се заблагодарува на Македонците со потекло од Албанија кој што живеат во Канада но и на Македонците од сите делови на Македонија кои донираа за изградба на камбанаријата за манастирот Света великомаченица Марина Марена – Огнена Марија.
©Македониум