Александар Караѓуле Охридски е македонски деец од крајот на 19 век. Караѓуле Охридски бил заедно со оние Македонци во Софија што се залагале за македонска национална засебност и биле против асимилирање на Македонците од бугарската Егзархија.
Во 1885 година Александар Караѓуле бил одговорен уредник на весникот Македонски глас. Во последниот број на весникот Македонски глас бил објавен повик до сите Македонци во Бугарија да се борат за ослободување на Македонија.
Во 1889 година Александар Караѓуле бил главен организатор на Македонското читалиште во Софија.
На Ѓурѓовден 1892 година Александар Караѓуле е обвинет дека е учесник во заговор против бугарската Влада на С. Стамболов. Александар Караѓуле Охридски е уапсен заедно со неколку Македонци. Во јули 1892 година Софискиот суд, со платени сведоци, го осудува на смрт и по тешки измачувања казната со бесење била извршена.
Стиховите на вековната песна ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ, на којашто е автор Алексадар Караѓуле Охридски, се сведоштво за измачувањето на македонскиот патриот и поет во софискиот затвор во 1892 година.
Песната ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ е доста популарна и меѓу Македонците во Албанија кој ја пејат на разни веселби.
Стево Симски