Македонец од Шулин, Мала Преспа во Аргентина во 1917: Македонија ја распарчија на 4 дела

Евтим Петко е Македонец од село Шулин, Мала Преспа, која денес е во границите на Албанија.

Евтим со неговата сопруга Илинка, исто така по народност Македонка, се преселил во Аргентина во 1917 година. Имале четири деца, а една од двете ќерки, Ирма Елена Петко, денес на 81 годишна возраст, сведочи дека биле национално свесни Македонци.

Ирма исто така сведочи дека Илинка зборувала на мајчиниот македонски јазик, додека Евтим покрај покрај македонски знаел грчки и албански.

Семејството Петко, со другите Македонци во Аргентина, ги негувалe народните обичаи во македонскиoт клуб во Буенос Ајрес, каде што се дружеле, „играле танци во круг“, односно ора, готвеле „питули(ци)“ и „бурек“ итн. Им помагале на Македонцитe што останале во Мала Преспа праќајќи разни пратки, претежно со облека.

Даваме на увид еден исказ од Ефтим Петко, заверен во кафе барот „Лос Амигос“, во којшто тој сведочи дека е од Шулин, Македонија и дава краток приказ на нејзината насилна поделба.

Порака напишана од Ефтим Петко

На печатот: Кафе бар ‘Лос Амигос’

Од Е. Петко и Синови

(ул.) Агуеро 1898 Саранди

Евтим Петко, роден во 1886г. во Шулин, Корча

Прво доаѓање (во Аргентина) на 17/2/1917 со Илинка Петко (од) Македонија, Европа

Во 1924г. останавме под Албанија

Во 1886г. роден сум јас и Илинка во 1896г.

Знамето турско, Турција ја напушти мојата земја. Во 19(**) г. влезе Србија, Грција влезе во 1912г., во 1913г. влезе Бугарија, во 1914г. влезе Грција до 1918г. Одново влезе Грција и остана до 1923г. Во 1924г. влезе Албанија. Цела Македонија е поделена помеѓу Србија, Грција, Бугарија, Албанија. “ —/

©Македониум