Делегација од Собранието на Албанија средби со државниот врв на Македонија

Делегација од Собранието на Република Албанија оствари работни средби со премиерот, претседателот на државата, претстедателот на Cобранието, Министерот за надворешни работи и со Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања на Република Македонија.

Теми на разговор беа билатералните односи, европските интеграции и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу Албанија и Македонија.

На средбите е констатирано дека Албанците во Македонија и Македонците во Албанија се мост за сорaботка меѓу двете земји.

Во составот на делегацијата од Собранието на Република Албанија беше и Васил Стерјовски, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

©Македониум