ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР

Крстовден са ближит. Бербата ќе почнит. Ќе почнат и главоболенијата на бавчанџиите.

Кому и по која цена ќе се продадат јаболката. Дали ќе са покачат субвенциите.

– Векот са м’чиме, биро. Плаштаме големи арџој, а аир ич немат, са жаљат стрико Тоде Менкин и повјаса на бавча да носит сундуци и врешта за падвајнците.

Методија Јоновски