КОГА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ СЛОБОДНА – ПЕЈО ЈАВОРОВ

Пејо Јаворов, биографот на Гоце Делчев, во прошталното писмо упатено до Тодор Александров напишал:

Пејо Јаворов и Гоце Делчев

„Прости ми, нека ми простат и сите други, што ја изневерувам Македонија. Јас умирам тука. Јас сум син на Македонија, нека ми биде простено што умирам во Бугарија. Те прегрнувам, длабоко трогнат од грижите шо ги покажа за мене во време на деновите на големите искушенија. Ти благодарам за тие деветсотини левови помош од организацијата, без кои одамна ќе умрев од глад, наместо од куршум, како што ми прилега. Кажи и на Македонија, кога ќе отидеш таму, дека нејзиниот син (јас се сметам за нејзин), ќе умре во Бугарија, обременет со една тешка клевета. И кога Македонија ќе биде слободна, нека дојде некој другар на гробот мој и нека каже: – Поздрав од нашата мајка маченица – таа веќе е среќна! – Збогум, Софија, октомври 1914 година.“

Стево Симски