Отворена изложба на графичкиот дизајнер Зоран Кардула во Тирана

Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана отворена е изложба на графичкиот дизајнер Зоран Кардула.

Организаторите велат дека делата на еден од најреномираните македонски современи уметници кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност.

Оттаму посочија дека изложбата ќе биде отворена во следните неколку месеци.

©Македониум