Албанија и Косово го отворија новиот граничен премин Шиштавец-Крушево за премин на граѓани од Косово кон Албанија и обратно.
По потпишаниот договор на состанокот на двете влади во ноември 2021 година, Албанија и Косово веќе имаат уште една заедничка гранична точка Шиштавец-Крушево, додека многу брзо се очекува жителите на подрачјата на пограничните зони слободно да се движат во двете земји.
На свеченото отворање присуствуваа министрите за внатрешни работи на двете земји Бледи Чучи и Џелал Свечла, како и полициските раководители од Албанија и Косово.
Во својот говор, министерот Чучи истакна дека со отворањето на овој граничен премин ќе придонесе за развој на туризмот во областа.
Двете страни на границата се области со извонредни потенцијали за развој на туризмот, кои можат да ги посетуваат туристи од двете земји, но и странски туристи кои не се малку на овој простор“, рече Чучи.
„Овој граничен премин до денес беше од категорија Ц. Од денеска преминува во категорија Б. Тоа значи дека од привремено работно време сега ќе имаме граничен премин кој ќе ги опслужува граѓаните 24/7. Поминувајќи во категоријата Б ќе имаме граничен премин кој ќе им служи и на граѓаните од трети земји“, рече косовскиот министерот Свечла.
Областа на Гора се простира во три држави Македонија, Албанија и Косово и мнозинството од населението во сите три држави се Македонци.
©Македониум