Во црквата “Св Димитриј” во село Горна Горица, општина Пустец во пресрет на големиот христијански празник Велигден извршени се градежни работи.
Како што информира отец Алексо Темелко, благодарение на донацијата на Деан Нестор македонски иселеник со потекло од преспанското село Горна Горица изградени се сводови на тремот во црквата “Св Димитриј” во село Горна Горица.
– Изградбата на овие прекрасни сводови се реализира со помош на донација од 1000 евра, подарени од Деан Нестор со потекло од село Горна Горица. Господ да го Благослови него и неговото најмило семејство. Се надеваме дека овој негов пример ќе го следат и други наши македонски иселеници од село Горна Горица, изјави отец Алексо Темелко.
Според отец Алексо Темелко, црквата “Св Димитриј” има потреба и од други градежни работи, како санирање – зацврстување на јужниот ѕид и изградба на Свештарник.
Црквата “Св Димитриј” во село Горна Горица изградена е втората половина на XIX век.
©Македониум