Делегација од единствена македонска политичка партија во Република Албанија, Mакедонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од претседателот Васил Стерјовски и потпреседателот Едмонд Османи, во Прилеп, оствари средба со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и пратеничката од Парламентот на Република Македонија, Ане Ласкоска.
На средбата се разменија некои идеи и се разговараше за идни проекти, како и за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
©Македониум