МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БОЖИК

Големиот христијански празник Божик, денот на Христовото раѓање се прослави меѓу православните Македонци во Албанија.


Отец Алексо и отец Ропи во Мала Преспа за време на литургијата

Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана.

Во сите цркви, во селата на Мала Преспа, отец Алексо и отец Ропи одржаа свечени литургии на македонски јазик.

Како и секоја година и ова година за Божик, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото раѓање.

© Македониум