Папата Франциск посвети цела проповед за Македонија, прикажувајќи ја како врата преку која дошло Христијанството во Европа. На ауденцијата во четвртокот на 30 октомври 2019 година во Ватикан, Папата Франциск зборуваше за моќта на евенгелизацијата, опишувајќи го примерот со покрстувањето на Лидија од Македонија и мисијата на Апостол Павле. Опишувајќи го настанот, Папата потсети на неговата посета на Македонија и дека Македонците се многу горди на тоа.
Тоа јасно го гледаме кога Апостол Павле, доаѓајќи од Троја имал едно видение. Некој Македонец го моли: „Прејди во Македонија и помогни ни“. Народот на Македонија се гордее со тоа, многу се гордее со тоа дека го повикале Павле да им токму тој им во навести Исус Христос. Ми остана убаво сеќавање од тој добар народ кој многу добро ме прими: Нека ја чуваат оваа вера, која Павле им ја проповедаше. Апостолот без никакво колебање заминува во Македонија, уверен дека го испраќа самиот Бог и доаѓа во Филипи „римска колонија“, на Виа Игнација да го проповеда Евангелието. Павле овде се задржува неколку дена. Три настани кои ја карактеризираат неговата посета, 1 евангелизацијата и крштевањето на Лидија и нејзиното семејство. Тука го имаме сведочењето за доаѓањето на Христијанството во Европа, тоа е почеток на процесот на инкултурација која трае и до денес. Тоа дојде од Македонија, рекол Папата на ауденицијата во Ватикан.
© Македониум