Црковниот одбор на селото Пустец започна со припрема на местото за градба на потпорен ѕид во црквата “Св Атанасиј”, која се наоѓа на брегот на Преспанското езеро, кај месноста Старосело во Пустец.
По овој повод отец Алексо ги повикува сите верници да помогнат да се изгради потпорниот зид во црквата “Св Атанасиј”.
– Со Божја помош се заврши со копање, проширување и припрема на местото за градба на потпорен ѕид во црквата “Св Атанасиј ” – Старосело, Пустец. Се надеваме, со Божја помош и помош на сите верници да се изгради овој ѕид за да се украси и сочува местото на црквата. Секоја помош е добродојдена, стои во апелот на отец Алексо.
Црквата “Св Атанасиј” е изгрдена во XIX век и за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа е разрушена за да на крајот од XX век се возобнови со помош на македонските иселеници од САД и Канада со потекло од Пустец како и со помош на Македонците од Пустец. (Македониум)