Согласно програмските активности на македонската амбасада во Тирана од сферата на културната и јавната дипломатија која се спроведува под мотото „Нов имиџ на Северна Македонија“, денес беше приреден коктел во чест фудбалерите од Македонија кои настапуваат во првата и другите лиги на Албанија. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Албанија Илир Шулку.
Поздравувајќи ги присутните амбасадорот Марковски ја промовираше идејата за организирање на хуманитарни натпревари, која би била поддржана од дипломатскиот кор, со цел обезбедување на финансиски средства за купување спортска опрема за основните училишта.
Средбата беше искористена за меѓусебно запознавање на фудбалерите со дипломатскиот состав на македонската амбасадат. Притоа, беше потенцирана улогата на македонските фудбалери кои во своите клубови и настапи на фудбалските терени го промовираат спортскиот дух и пријателство меѓу младите. (Македониум)