Врз основа на одлуката донесена на Третиот партиски конгрес, Централниот комитет на единствената партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на седницата во Подградец избра четворица потпретседатели и генерален секретар.
По изборот на Васил Стерјовски за претседател на партијата на Третиот конгрес што во Тирана се одржа на на 7-ми септември, како што и беше договорено, Централниот комитет за потпретседатели избра по еден претставник од областите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, како и за Тирана каде што концентрацијата на Македонците е најголема, соопштија од партијата.
За потпретседатели едногласно се избрани Ефтим Митревски од Мала Преспа, Сокол Докле од Гора, Едмонд Османи од Голо Брдо како и Ендрит Фетаху од Тирана, додека за генерален секретар е избран Таќо Гроздани.
Исто така, Централниот комитет на МАЕИ донесе одлука во наредниот период партијата да се реорганизира и да се изберат нови структури на целата територија на Албанија, каде што има Македонци.
Mакедонска алијанса за европска интеграција упат апел до сите Македонци во Албанија да продолжат со солидарноста и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.