Министерката Дескоска во Тирана се сретна со пратенкот Васил Стерјовски

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент,Васил Стерјовски, на 4 октомври 2019 година во Тирана се сретна со македонската министерка за правда Рената Дескока.

rbt


Министерката Дескоска најпрво најискрено му го честиташе изборот за пратеник и му посака успех во извршување на пратеничкиот мандат.
-Констатиравме дека заеднички интерес на Република Македонија и Република Албанија е унапредување и продлабочување на соработката на секое поле, подобрување на добрососедските односи и интеграцијата во европските структури. Очекуваме да земјите-членки на Европската унија на следниот состанок на Европскиот совет во октомври да гласаат за започнување на преговорите на Република Албанија и Република Македонија со Европската унија, изјави Стерјовски за МИА.
Посочи дека на средбата станало збор и за положбата и правата на македонската заедница во Албанија.
-Од моја страна ја известив министерката за тековните активности во правец на унапредување на положбата на македонската заедница во Албанија. Исто така и зразив голема благодарност за помошта што ја даваше како министер за образование за студентите Македонци од Албанија кои студиира на Универзитетите во Република Македонија, додава Стерјовски.
Инаку, министерката Рената Дескоска заедно со министрите за правда од Западен Балкан денеска во Тирана учествуваа на Конференција на високо ниво, насловена „It’s all about Justice”, организирана од страна на Министерството за правда на Албанија во соработка со Советот за регионална соработка,каде имаше и свое обраќање. (Македониум)