Пратеникот од Македонската алијанса за европска интеграција, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски на срдебата на преставници на парламентарните комисии за наворешна политика на Албанија и на Хрватска во Тирана, се заложил малцинствата во Албанија да имаат гарантирани места во албанскиот законодавен дом по примерот на Хрватска. Истакнав дека Хрватска има еден од најдобрите закони во Европа за заштита на малцинствата како и гарантирано учество на малцинствата во хрватскиот Парламент.
Искажав убедување дека моите колеги во албанскиот Парламент, кога ќе се разговара за промена на изборниот систем, ќе го подржат мојот предлог малцинствата во Албанија да имаат гарантирани места во албанскиот Парламент по примерот на Хрватска, рече Стерјовски.
Тој исто така се заблагодарил за подршката што Хрватска ја дава за Македонја и за Албанија во процесот на интеграција во ЕУ и побарал од хрватските парламентарци да лобираат кај другите земји-членки на ЕУ во корист на отворање на преговорите. албанскиот Парламент по примерот на Хрватска. Делегациите на двете комсии предводени од претседателката Мими Кодели, на албанската и Миро Ковач, на хрватската парламентарна комсија,разговарале околу унапредувањето на и така добрата парламентарна соработка. Како што вели Стерјовски, по официјалната средбата, Миро Ковач, кој е поранешен министер за надворешни работи на Хрватска, му рекол „денеска научив дека во Албанија живее македонско малцинство“. (Македониум)
– tetor 16, 2019Postuar në: Politika