Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски ги посети Македонците во Мала Преспа


Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ја посети општината Пустец, Мала Преспа во Република Албанија. Посетата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на Албанија е по повод учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан во Драч, Албанија.


Министерот Попоски беше придружуван од македонскиот амбасадор во Тирана. Во општината Пустец, министерот Попоски оствари средба со градоначалникот на општината, Едмонд Темелко со кого се задржа во подолг разговор во врска со положбата и правата на Македонците во Република Албанија.
Покрај средбата со градоначалникот министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна и со претставници на Советот на Општината, наставниците по македонски јазик, како и со претставниците на македонската заедница од повеќе општини од Република Албанија областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, Тирана, Подградец, Корча, Елбасан, Билишта и други места.
Poposki 1
На средбите со Македонците се разговараше за можностите за поголема прекугранична соработка во преспанскиот регион, со акцент на екологијата и еко-туризмот, како и за можностите за подобрување на инфраструктурата што локално ги поврзува Република Македонија, Република Албанија и Република Грција.

“Образованието на нашите деца е најважната инвестиција во европската иднина на сите земји од регионот“-истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски. “Албанија и Македонија имаат огромен терен за соработка. Во овој период треба да се охрабриме да има што повеќе прекугранични врски и проекти“-потенцираше министерот Попоски. Во рамки на посетата министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски посети и дел од училиштата во општината Пустец, каде донираше книги на македонски јазик прилагодени за деца на училишна возраст. (Македониум)

.