Светскиот Македонски Конгрес најостро ги осудува активностите на бугарската амбасада во Република Албанија во поддршката на здруженија на граѓани кои во областите населени со Македонци шират бугарска пропаганда и нудат бугарски државјанства за Македонците во Албанија како Бугари.
Светскиот Македонски Конгрес потврдува дека на целата територија на Република Албанија не живеат Бугари воопшто пак во областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа. Изјавите на здруженија на граѓани со поддршка на бугарската амбасада во Тирана дека во Република Албанија нема Македонци претставуваат груб фалсификат на историјата и вистината.
Македонците во Голо Брдо биле признати од Република Албанија до 1949 година, што се потврдува со изводите од матичните книги на родените, издадени во тоа време, на коишто во графата националност пишува Македонец. Истовремено и наставата во училиштата во Голо Врдо се изведувала на мајчин македонски јазик. Мајчин јазик кој се зборува во Голо Брдо е македонскиот јазик а децата до седум години не го знаат албанскиот јазик туку него почнуваат да го учат откако ќе заминат во училиште.
Светскиот Македонски Конгрес изјавите дека нема Македонци во Албанија ги смета за крајно недолични и неодговорни тоа претставува груба навреда на достоинството на Македонците во Република Албанија во целина.
Светскиот Македонски Конгрес иницира билатерална спогодба меѓу Република Македонија и Република Албанија за полoжбата и правата на Македонците во Република Албанија и на Албанците во Република Македонија што нема да ги ограничува затекнатите права и слободи туку ќе ги нотира основните права и слободи утврдени со меѓународните договори. (Македониум)