Во албанскиот град Кукс, во просториите на Арткафе, Владрин се одржа чествување по повод една година од смрта на големиот интелектуалец, собирач на фолклорот и уметник со македонско потекло од Гора, Назиф Докле.
На ова чествување присуствуваа, преставници од локалната самоуправа на Кукс, норвешкиот амбасадор од Косво, како и подржувачи на делот на Назиф Докле од Албанија, Македонија и Косово.
Назиф Докле, беше основач и прв претседател на етно-културното друштво “ГОРА” во 1991 година.
Роден е на 15 јануари 1945 година во с.Борје, областа на Гора, Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература.
Долги години работел како учител, главен инспектор за образование во округот на Кукс и директор на музејот во Кукс а се занимавал и со сценографија и бил режисер на повеќе документарни филмови.
Бил член на Друштвото на писатели и уметници на Албанија уште од 1975 година. Неговата истражувачка активност вклучуваше повеќе материјали од областа на историјата, лингвистиката и етнографијата.
Објавил над 35 книги, 130 текстови во весници како и научни и културни списанија во Албанија и други држави. Најпознати негови трудови се речникот “горански-албански” со над 43.000 зборови, “За Гора и Гораните”, “Муке Миле”, “Севни бре ашик, севни бре душо”, “Горански народни песни”, “Богомилизмот и етногенезата на торбешите од Гора во Кукс” идр.
Автор на повеќе уметнички изложби. Организиатор на повеќе фестивали во Кукс каде е преставен богатиот фолклор на областа на Гора. Човек кој даде многу за неговата област Гора. (Македониум).