Непознати сторители од пред две недели во селото Церје, општина Пустец ограбија повеќе куќи на жители кој се во емиграција како и селската црква.
Со цел пронаоѓање на крадците како и спречување на понатамошни кражби генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски на прес конференција за албанските медиуми побара од министерството за внатрешни работи на Албанија да превземи мерки за пронаоѓање на крадците како и полициско присуство во селото Церје се додека не се смири ситуацијата.
После рекацијата на генералниот секретар на МАЕИ, Васил Стерјовски преставници од корчанската полиција и од секторот за економски криминал извршија увид во ограбените куќи во Церје, додека пограничната полиција доби наредби да патролира во селото Церје.
Селото Церје, кое е населено со македонско население, се наоѓа 11 км од центарот на општина Пустец и е останато изолирано поради недостаток на патната инфраструктура како и вода за пиење, што ги принуди жителите да го напуштат куќите и да заминат во емиграција во Македонија и Грција. Од 150 семејства, само 30 од нив живеат во ова село претежно постари лица. (Македониум)