Од Москополе, Албанија, преставници на македонското, грчкото, српско-црногоркото, бошњачкото, ромското и еѓипјанското малцинство преку заедничка декларација побараа од новата албанска влада решавање на нивните проблеми во врска со малцинските права и подобрување на нивната положба во Албанија.
Москополската декларацијата на малцинствата како што самите малцинства ја нарекоа, во име на малцинствата пред албанската јавност ја прочита Елса Балаури, од Албанската група за човекови права.
Во декларацијата од новата албанска влада конкретно се бара:
– Признавање на малцинствата во Албанија на целата територија како национални малцинства, конкретно бошњачкото, влашкото, ромското и еѓиптјанското малцинство да се признаат како национални малцинства, додека македонското национално малцинство да се признае и во Голо Брдо и Гора и да им следат сите права што им припаѓаат на малцинствата.
– Изготвување и одобрување на закон за малцинствата.
– Потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, која албанската држава на нејасен начин и неодговорно ја одложува до сега.
– Измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на мацинствата во парламентот со гарантирани места.
– Измена и обезбедување на буџет за стратегијата на Ромите.
– Обезбедување образование на мајчин јазик за малнцинствата.
– Строго почитување на прашањата поврзани со вработување, домување и образование на ромското малцинство.
– Развивање на оделна национална стратегија за еѓиптјанското малцинство во Албанија.
– Финансиска подршка на различните активности на малцинствата.
– Реорганизирање на Државниот Комитетот за малцинствата.
Ова декларација освен до албанската влада се испрати до сите меѓународни институции кој се занимааваат со малцинските права и странските амбасади во Тирана.
Васил Стерјовски потписник на декларацијата од страна на македонското малцинство за весник Македониум истакна дека, од 12 прекораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, 11 препораки се исполнети, додека само една препорака која што е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата не е исполнета, и не само што нема подобрување на правата на малцинствата, туку напротив има нивно назадување.
“Во изминатиов период се случија груби прекршувања на човековите права во во Албанија како дискриминирачкиот попис, притисокот од страна на националистички групи врз малцинствата, попречувањето на македонското малцинство за изучување на мајчиниот јазик, и одземање на некои веќе стекнати права уште од времето на комунизмот, како бришење на националноста од регистрите од матичната евиденција и др. Малцинсвата се тука и сакаат да помогнат во европската интеграција на Албанија, од новата албанска влада зависи дали ќе ги прифати барањата на малцинствата или и таа ќе работи како и сите албански влади на асимилирање на малцинсвата.”, – истакна Васил Стерјовски за весник Македониум.
Ова декларација следуваше на крајот од 5-дневната Академија на малцинствата што Албанската група за човекови права ја организираше во Москополе со преставниците на малцинствата во Албанија.
Во декември се очекува Советот на Европа да се истакни дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европскта унија. Минатата година Холандија беше единствената земја која што изјави дека Албанија нема да добие кандидатски статус поради непочитувње на правата на малцинствата. (Македониум)