Историчарот д-р Бранислав Светозаревиќ: Името Македонци го носиме цели 2700 години

Македонскиот публицист Бранислав Светозаровиќ Покорни деновиве ја издаде книгата “Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име” (документи и анализи). Делото преставува научен труд со комбинација на извори и анализи.


Ицо Најдовски Перин и Бранислав Светозаревиќ Покорни

Авторот кој е доктор по историски науки во интервјуто за македонската радио програма „Трипл зед” од Мелбурн, Австарлија со новинарот Ицо Најдовски Перин посочи дека ова дело е сублимат на се она што македонската историографија го има откриено но и нови документи кое досега не се објавувани, а во текот на истражувањето се пронајдени.

– Тука се на некој начин преведени и цитирани над 1000 документи кои потекнуваат од 32 постоечки и непостоечки држави и во периодот од над 1000 години каде експлицитно се споменуваат Македонците и го докажуваат нивното постоење на овие простории – во три форми територијална самосвест, народна и национална. Во ова книга се наоѓаат и важни документи за негирањето на Македонците од страна на бугарската држава кое постои 150 години во континуитет. Но кога некого негирате 150 години тоа е најголем доказ за неговото постоење. Тука се документи кои ги покажуваат сите оние методи и инструменти кои ги користеле бугарската држава туку и другите соседни држави кои се обидувале да го изменат она што со векови го носат Македонците во себе – тоа е нивниот идентитет и нивното идентитетско име, изјави Бранислав Светозаревиќ Покорни.

Според него, ако затвориме очи пред вистината, не значи дека не постои – а токму таков обид прави Бугарија, негирајќи го македонскиот идентитет. За спорот со Бугарија вели дека не може да се реши дневно политички и се додека има тенденција на негирање, ќе се движиме во ќор сокак.

Подолу може да го погледенете целото интервју со историчарот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни за македонската радио програма „Трипл зед” од Мелбурн.

© Македониум

https://www.facebook.com/ico.najdovskiperin/videos/345205810369421/