МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА ЃУРЃОВДЕН

Македонците во Албанија го прославија празникот Ѓурѓовден. Овој празник освен православните Македонци од Мала Преспа, Врбник и Голо Брдо традиционално го прославија и Македонците муслимани од Голо Брдо и Гора.

Прослава на Ѓурѓовден, Шиштавец, Гора

Прослава на Ѓурѓовден, Шиштавец, Гора


За Ѓурѓовден во Мала Преспа, имаше организирани прослави во селата Шулин, Глобочени и Долна Горица. Во областа Гора прослава се организираше во с.Шиштевец, додека во областа на Голо Брдо, Ѓурѓовден организирано се славеше во с.Стеблево.

Прослава на Ѓурѓовден, Шиштавец, Гора

Прослава на Ѓурѓовден, Шиштавец, Гора


На Ѓурѓовден во Мала Преспа, Врбник, Гора и Голо Брдо се изведуваат многу обичаи сврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај пред зајдисонце кога сите млади,  и постари одат  по ливадите и бавчите  каде берат гранчиња / потки/ и цвеќиња,  ги носат дома каде ги закитуваат портите, влезната врата на куќата, трлата, плевните,  се за здравје и во чест на доаѓањето на Пролетта. Според верувањето потките ги штитат куќите од разни опасности, а нивите и родот од несреќа. Во некои места еден боз се става пред куќата пред влезната врата и утрото на Ѓурѓовден секој кога ќе стане и излегува надвор стапнува на бозот за здравје. (Македониум)