Комесарот за човекови права на Советот на Европа ќе го решава случајот на адвокатот Менкиноски – ќе има истрага за бугарската забрана за бранителот на Македонците од Бугарија пред судот во Стразбур.

Бугарската десетгодишна забрана за влез во Бугарија за македонскиот адвокат Тони Менкиноски е предмет на интересирање на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, откако е поставено пратеничко прашање во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Тони Менкиноски е адвокат на Македонците кои речиси 20 години бараат регистрација на македонски организации во Бугарија.
Во тој контекст Комесарот за човекови права на Советот а Европа Мајкл О’Флаерти најавил разговор со двете македонски пратенички Бисера Костадиновска-Стојчевска од редовите на СДСМ и Ивана Василевска од ВМРО-ДПМНЕ за да разговара за овој случај.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, исто така изразил подготвеност Советот на Европа внимателно и детално да се запознае со случајот со адвокатот Тони Менкиноски, по поставеното прашање од пратеничката Ивана Василевска.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, најавил дополнителни консултации и анализа во рамки на институционалните механизми.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, притоа рекол дека за Советот на Европа остануваат приоритет заштитата на човековите права, владеењето на правото и независноста на адвокатската професија, како темелни принципи на Конвенцискиот систем.
За очекување е Советот на Европа да постапи според Европската конвенција за човекови права, користејќи ги расположливите механизми за дијалог, мониторинг и институционална соработка.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, ја потврдил и својата отвореност за понатамошна комуникација, со цел обезбедување информиран и соодветен пристап кон разгледувањето на случајот.
