Потпретседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ендрит Фетаху и кординаторот на пратеничката група на Социјалистичка партија, Нико Пелеши, на 12 март 2025 година, во албанското Собрание го потпишаа договорот за коалиција помеѓу МАЕИ и Социјалистичка партија за парламентраните избори 2025 година.
ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ЗА ОБЛАСТИТЕ СО МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА
МЕЃУ СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА И МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА
ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ НА 11 МАЈ 2025 ГОДИНА
Водени од заедничките вредности на демократијата, еднаквоста и европската интеграција, како и од заедничката визија за развој и благосостојба на граѓаните на Албанија, Социјалистичката партија на Албанија и партијата Македонска алијанса за европска интеграција се согласуваат да го официјализираат овој стратешки договор за соработка на парламентарните избори на 11 мај 2025 година, за области со македонска заедница во Република Албанија.
1. СОРАБОТКА ЗА ИЗБОРИТЕ
• Страните се согласија да настапат на парламентарните избори во 2025 година, под водство на Социјалистичката партија на Албанија.
• Партијата Македонска алијанса за европска интеграција има право да предлага свои претставници за политички функции на централно и локално ниво, согласно договорот и принципите на соработка.
2. ПОЛИТИЧКО ЗАСТАПУВАЊЕ ВО КОАЛИЦИСКАТА ЛИСТА
• Во Корча, партијата Македонска алијанса за европска интеграција ќе има право да предложи кандидат на отворената листа на Социјалистичката партија за парламентарните избори на 11 мај 2025 година.
• Партијата Македонска алијанса за европска интеграција се ангажира да ја поддржи Социјалистичката партија во сите региони на Албанија, придонесувајќи за зголемување на изборната поддршка и заедничка победа на коалицијата.
3. ОБВРСКА ЗА ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
• Социјалистичка партија на Албанија се ангажира да ги поддржи и гарантира правата на македонското малцинство во Албанија, во согласност со меѓународните стандарди и законските обврски на земјата.
• Социјалистичка партија ќе даде приоритет на инвестициите во инфраструктура, образование, водовод, канализација и други витални сектори за развој на подрачјата со македонско население, како Преспа, Голо Брдо и Гора, со цел да се подобри квалитетот на животот на жителите од овие краишта.
• Владата предводена од Социјалистичката партија ќе го поддржи и промовира учењето на македонскиот јазик, онаму каде што постојат потребните услови, согласно законската рамка што го регулира образовниот систем на Република Албанија.
Во духот на меѓусебната доверба и посветеност за унапредување на правата и интересите на граѓаните, страните го потпишуваат овој договор во два оригинални примероци.
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПАРТИИТЕ
Нико Пелеши – политичкиот раководител на Социјалистичката партија за округот Корча
Ендрит Фетаху, потпретседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција