На 14 јануари, после Светата Боженствена Литургија која ја одржа отец Алексо Темелко, во црквата Св. Василиј во село Леска, Општина Пустец, за присутните православни верници беше поделенa традиционалнaта „василопита“ со паричка.
Се верува дека оној кој ќе ја најде паричката ќе биде благословен со среќа и успеси низ целата година.
Во оваа света црква се случиле многу чуда, за што верниците сведочат со длабока вера и благодарност.
©Македониум