Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, до сите Македонци, членови и пријатели на партијата упати честитка за среќна и успешна Нова година.
-Нека 2025 година донесе здравје, среќа и благосостојба во вашите домови, сплотеност во нашата заедница и напредок во нашата борба за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет и култура во Албанија, стои во честитката.
Се додава дека годината што е зад нас „беше исполнета со предизвици, но и со моменти на заеднички успеси и гордост“.
-Остануваме решителни во нашите напори за јакнење на положбата на Македонците во Албанија и зајакнување на врските со нашата татковина Македонија. Ви посакуваме празниците да ги поминете во кругот на вашите најмили, со радост и љубов, а Новата година да ни донесе нови можности за заеднички успеси. Среќна Нова година, посакува МАЕИ во честитката потпишана од претседателот Васил Стерјовски.
©Македониум